Кога станува збор за бојата, белиот невестински фустан е првичниот избор за повеќето невести денес. Според актуелните историски записи, се смета дека трендот на носење бели венчаници го започнала кралицата Викторија во далечната 1840 година. Таа на денот на нејзината венчавка се појавила во бел раскошен фустан, што дотогаш било нешто невидено и невообичаено за таквите пригоди.
Обичајот на носење бели невестински фустани се практикува и денес и е својствен за повеќето земји во светот. Но, тоа не значи дека белата венчаница е единствената опција. Фустаните во пастелни нијанси се совршен избор доколку сакате да скршнете од традицијата и да бидете малку поразлични.
Идеални се за невестите кои сакаат да вклучат боја во нивниот изглед, но сепак тоа да биде изведено на еден суптилен и ненаметлив начин. Омилени меѓу оваа група на бои се светлорозевата, пастелносината, светлосивата и се разбира нежните нијанси на праска и јоргован. Пастелните нијанси зрачат со женствеост и истовремено со себе носат некоја доза на лежерност. Можат да бидат идеални за летни свадби, но исто така се среќаваат и кај зимските свадби, особено ладните бои како што се светло сивата и сината. Меката тантела и деликатниот тул, украсени со раскошни везови од срма, со сигурност ќе направат да изгледате посебно и уникатно.
Во продолжение ќе ви ги покажеме нашите омилени пастелни венчаници, идеални за формални и лежерни свадби.
Liudmyla Olienieva
eam and Dress
Jarmil
My Wony Bridal
Milamira Bridal
Olya Vysotskaya