Изборот на торта е еден од поважните елементи при планирањето на свадбената прослава. За разлика од минатото, кога свадбените торти традиционално се изработувала во бела варијанта, денес сме сведоци на безброј креативни и разнобојни решенија коишто ја поткрепуваат тезата дека свадбените торти не мора да бидат исклуливо бели.
Во денешно време, еден од најпознатите начини на изработка на свадбени торти е и техниката омбре. Веруваме дека повеќето од вас имаат претстава што значи омбре ефектот, но доколку не знаете, не грижете се, за кратко ќе ви стане јасно. Имено, наједнставно кажано, омбре може да се дефинира како техника на постепено мешање на две или повеќе бои, движејќи се од посветла кон потемна нијанса. Техниката има широка примена, но ние во случајов ќе се задржиме на невестинската торта.
Кога станува збор за свадбената торта постојат безброј начини како да се добие ефектот омбре. Градацијата на бои може да се добие преку обложување на тортата со шлаг или крем во омилените нијанси. Исто така, може да се игра и со внатрешните слоеви од тортата, па така, доколку се одлучите за соголена торта, може да изберете различни нијанси на кори кои ќе се движат од потема кон посветла. Друг начин за постигнување на омбре ефектот е преку украсите на свадбената торта. Скалесто поставените цветови кои се движат од потемна кон посветла нијанса се одличен пример за ова.