Еден од најголемите благодати на пролетната свадба е изобилието на свежо сезонско цвеќе. Па така, на почетокот од пролетта можеме да уживаме во деликатните лалиња, прекрасните нарциси и опојните зумбули. Втората половина од пролетта, најчесто е резервирана за божурите, хортензиите и розите. Покрај нив, едно од најубавите пролетни цвеќиња е и незаменливиот јоргован. Препознатлив по својата виолетова боја и сладникав мирис кој ги буди сетилата, јоргованот е синоним на сето она што го сакаме кај пролетта.
Кога станува збор за цвеќе кое се користи за свадбен декор, сметаме дека јоргованот е малку потценет, па затоа решивме да му го дадеме вниманието и местото коешто го заслужува. Во продолжение ќе ви претставиме неколку начини како да го вклучите ова прекрасно цвеќе во свадбениот декор. Од раскошните бидермаери, преку цветните аранжмани за маси или пак свадбената торта, јоргованот плени со неговата едноставност и ненаметливост.

ФОТОГРАФИЈА: Laura Murray

ФОТОГРАФИЈА: Sierra Ashleigh

ФОТОГРАФИЈА: Elisa Bricker

ФОТОГРАФИЈА: Caroline Tran