Невестински фризури со цветни украси

millow
2434 прегледи

Невестинскиот изглед не би бил комплетен без изборот на соодветна фризура. Доколку барате начин како да изгледате посебно, време е да ги земете предвид свежите цветни украси. Кога зборуваме за цветни украси, не мислиме на цветните венчиња (иако и тие се подеднакво прекрасни), туку мислиме на деликатно вметнати цветови кои ќе ја нагласат вашата фризура и ќе додадат доза на свежина.

Ако не сте тип на невеста која сака да носи целосно венче, тогаш ова е одличен начин како суптилно да го вклучите омиленотo цвеќе. Можете да додадете само еден или неколку цветови во вашата коса и со тоа да го надополните и освежите севкупниот изглед.

Убавината кај цветните украси е во тоа што може да бидат вклучени во различни видови на фризури. Без разлика дали ќе се одлучите за класична пунџа, плетенка или пак лелеави полусобрани кадрици, цветните детали совршено ќе се вклопат во секој од овие стилови. Како доказ, погледнете ги следните фотографии.