50 нијанси на сиво

millow
351 прегледи

Инспирирани од студените зимски денови и тмурните сива утра, деновиве направивме мало онлајн истражување околу нетипичните бои за невестинска торта. Па така, пребарувајќи на Гугл, добивме идеја да ја разгледаме сивата боја. Да, да добро слушнавте. Во продолжение ќе зборуваме за сивите свадбени торти.

Бидејќи сме големи љубители на бои, кога за прв пат слушнавме за сива свадбена торта, искрено бевме малку скептични. Си помисливме дека сивата торта би била здодевна и несоодветна за една свадбена забава. Но, по кратко пребарување на фотографии од прекрасни сиви свадбени торти, се уверивме дека нашите претходни сомнежи биле неосновани. Излезе дека сивите свадбени торти и тоа како можат да се пофалат со епитетите елегантни и безвремеснки, а најдоброто од сè е што сивата како неутрална боја може да се комбинира со цел спектар на други бои.

На пример, ако сте љубители на елегантниот изглед, предлагаме да одите со сиво-бели нијанси, надополнети со златни ливчиња или пак свежи зелени гранчиња. Тука, совршено би се вклопила торта со сиво-бел омбре ефект и златни метални ливчиња како акцент. Посмела и пожива варијанта лесно се постигнува доколку искомбинирате торта со сива основа и украси со цитрусни бои како што се корално-црвената, портокаловата или пак жолтата. Свежите овошни плодови како калинките, брусниците или пак јагодите се идеални во комбинација со сивата неутрална подлога. Тие совршено ја надополнуват сивата боја и внесуваат живост, разиграност и свежина. Покрај нив, како декоративни елементи можат да се искористат и разновидни зелени листови и свежи цветови со впечатливи бои и форми.

Во продолжение погледнете ги нашите омилени примери на сиви свадбени торти.

nevestinska torta nevestinska tortaневестинска торта со ефект на мермерnevestinska torta

nevestinska torta

Krista A. Jones Photography and Design

елегнатна торта со омбре ефектnevestinska tortaсвадбена торта

свадбена торта со сукуленти

Wertán-Photo

nevestinska torta

Аmanda Кaren Photography

невестинска торта со мермерен ефект

Blake Hogge

зелени гранчиња на сиво-бела подлога

Figtree Pictures

nevestinska torta

Laura Gordon

светло сиво со златни акценти

Katie-Harmsworth

nevestinska torta

Honeycomb Cake Studio

nevestinska torta

Maggioni Catering

сива торта со црвени цветови

Purple Tree Photography

nevestinska torta

Matthew Land Studios

нежно сива невестинска торта

The Happy Bloom Photography

nevestinska torta so temno crveni cvetovi

This Modern Romance

Поврзани објави