Креативни свадбени знаци

millow
577 прегледи

Без разлика дали се работи за голема или мала свадба, понекогаш гостите имаат потреба од насочување. Со цел да се задоволи оваа потреба, некои двојки се одлучуваат да постават свадбени знаци. Информациите што ќе стојат на свадбените знаци можат да бидат различни и зависат од желбите и потребите на брачниот пар.

Така на пример, може да сретнеме знаци за добредојде на коишто се испишани имињата на младенците, табли со распоредот на седење, знаци кои содржат насоки за гостите како да стигнат до местото на прославата, плакати со омилените цитати на парот итн.

Покрај тоа што можат да бидат корисни за информирање на вашите гости, свадбените знаци се и совршена можност да го ставите вашиот личен печат преку дизајнот и изработката на истите. Постојат безброј начини како да ги направите овие слатки реквизити свои, а притоа да се вклопат со останатиот свадбен декор.

Подготвени да го пронајдете знакот кој најмногу одговара на вашиот вкус? Погледнете ги нашите предлози.

Поврзани објави