Калиграфски испис на свадбената торта

millow
374 прегледи

Калиграфијата (позната и како краснопис) претставува визуелна уметност поврзана со вештината за убаво пишување. Со примена на оваа уметност, зборовите ја добиваат својата форма на еден експресивен и хармоничен начин. Современата калиграфијата има широк спектар на примена. Може да се сретне кај разни видови натписи, уметнички дела, религиозна уметност, графички дизајн итн. Еден од нашите омилени начини на користење калиграфијата е при изработката на свадбените детали. Од свадбени покани, знаци за добредојде, распореди на седење, бројки за маси па се до свадбената торта, калиграфијата има безброј начини на примена.

Во продолжение ќе ви презентираме неколку идеи како да ги вклучите калиграфските исписи во дизајнот на свадбената торта. Исписот може да биде нешто што е значајно за двојката и ја отсликува нивната врска. Изборот е навистина голем. Може да се одлучите за стихови од омилената поема, романтични цитати, религиски стихови или пак рефрен од вашата омилена песна.

 

Поврзани објави