Каков букет да одберете за есенскa свадбa

millow
459 прегледи

Есента со сета своја раскош и убавина може да биде прекрасен период од годината за одржување на свадбената прослава. Доколку сакате вашата свадба да го отслика годишното време, еден од начините да се постигне тоа е преку изборот на цвеќе за невестинскиот букет.

Покрај вообичаените есенски цвеќиња како хризантемата, ериката или пак кинеската ѕвезда (кај народот позната и како убава ката), може да си поиграте и со други вонсезонски цвеќиња коишто со своите нијанси потсетуваат на есен. Како такви би ги издвоиле белата, црвената, виолетовата, портокаловата, жолтата и неизбежната бургундец нијанса. Доколку не спаѓате во групата на традиционални невести, можете да се одлучите и за посмел пристап, па така, во вашиот бидермаер можете да вклучите листови, бобинки или некој друг вид на зеленило својствени за овој период од годината.

Во продолжение, инспирирајте се од нашите омилени цветни аранжмани кои сметаме дека совршено би се вклопиле во една есенка свадба.

esenski boidermaeriesenski bidermaeri esenski bidermaeri esenski bidermaeri so topli nijansi esenski bidermaeri esenski bidermaeri