Бохо венчаници со долги ракави

millow
520 прегледи

Боемскиот невестински изглед е одлично решение доколку планирате свадба во лежерна и опуштена атмосфера. Во светот на модата боемскиот стил се среќава и како бохо-шик или пак хипи-шик. Инспирацијата ја црпи од различни периоди од минатото, но како најдоминантно се смета влијанието на хипи културата и периодот помеѓу 60тите и 70тите години од дваесеттиот век. Бохо стилот на облекување, а со тоа и бохо венчаниците, совршено прилегаат на весели и романтични невести со изразен слободен дух и уметнички сензибилитет.

Чипката во комбинација со нежните полупроѕирни материјали се можеби првото нешто што нè асоцира на боемскиот невестински изглед. Лесните и лелеави бохо венчаници со сигурност ќе направат да се чувствувате пријатно и удобно. Покрај тоа, една од предностите кај овие фустани е и тоа што можат да се изработат во најразлични кроеви па така имате можност да го одберете оној фустан што најмногу одговара на вашата фигура.

Во продолжение, погледнете ги овие неколку бохо венчаници со долги ракави кои нам ни се допаднаа.

ФОТОГРАФИЈА: Amy Lynn | ФУСТАН: Grace Loves Lace

boho venchanici

ФОТОГРАФИЈА: Amy Lynn | ФУСТАН: Grace Loves Lace

ФОТОГРАФИЈА: Amy Lynn | ФУСТАН: Grace Loves Lace

ФУСТАН: Kite and Butterfly

ФУСТАН: Kite and Butterfly





boho venchanici

ФУСТАН: Kite and Butterfly

boho venchanici

ФУСТАН: Kite and Butterfly



boho venchanici

ФУСТАН: Kite and Butterfly

ФУСТАН: Kite and Butterfly

Поврзани објави