Невестински чевли за сечиј вкус

millow
935 прегледи

Невестинскиот изглед не би бил комплетен без изборот на соодветни чевли. Свадбениот ден обично значи многу часови поминати на нозе, танцувајќи и забавувајќи се со гостите. Поради тоа, изборот на чевли претставува вистински предизвик со кој се соочени повеќето идни невести.

Индустријата за обувки нуди прилично голем спектар на модели коишто без сомнение ќе ги задоволат потребите и на најпребирливите невести. Можете да се одлучите за класични бели салонки, сандали со високи или пак ниски потпетици, рамни балетанки па дури и патики. Она што треба да го имате предвид е дека не мора да ја жртвувате удобноста. Можете да изберете два пара на чевли. Првиот пар со висока потпетица, можете да ги носите за време на венчавката и фотосесијата, додека пак вториот пар рамни чевли можете да ги носите за време на забавата. На тој начин ќе бидете поопуштени послободни во вашето танцување и нема да имате проблем со болки во грбот и несаканите отоци.

Со цел да ви помогнеме при вашиот избор погледнете ги нашите неколку предлози на невестински чевли во различни стилови.